Професија што ќе ви обезбеди подобра иднина...

Обука за изведба на компјутерски системи и мрежи. Практична работа... Затоа што САМО знаењето е САМО Ваше...

Изведба на компјутерски системи и мрежи

Знаење и вештини за идентификација на потребните перформанси на компјутерските мрежи во процесот на нивно проектирање и инсталација, нивно одржување, дефектажа и отстранувањето на дефектите. Имплементација на безбедносните стандарди и протоколи кај компјутерските мрежи, анализа на перформансите и нивна оптимизација, работа со виртуелни компјутерски мрежи.

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за проектирање, изведба и одржување на локални и дистрибуирани компјутерски мрежи во функција на негово понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата опфаќа содржини од областа на локалните и дистрибуираните компјутерски мрежи: мрежните топологии, OSI спецификацијата, начините за поврзување, протоколи за мрежна комуникација, дистрибуирани мрежи, безжични мрежи, отстранување на дефекти...

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со Сертификат -Оператор за изведба и одржување на компјутерски мрежи - професионално знаење потврдено со сертификат од МОН. Учесниците ќе бидат подготвени за полагање меѓународно признати испити од CompTIA.