Едукативен центар

Наши почетоци...

Во 2003 година Центарот во рамки на Мегасофт ПЛУС го продолжи своето работење (започнато во Мегасофт, 1990) како пионер на неформалното образование особено во областа на компјутерска едукација и изучување на странски јазици за деца и возрасни.

Денес, Едукативниот Центар работи по сопствени и верифицирани програми (основни и напредни Академии) за сите возрасти – основци, средношколци и возрасни, актуелни и потребни за подобрување на нивните вештини и знаења со цел надоградување на образованието и полесно вработување.

Времето на дигитално описменување продолжува и денес, но во многу попрофесионални области – програмирање, графички и веб дизајн, дигитален маркетинг, работа со податоци, компјутерски системи и мрежи, сајбер безбедност.

Нашите програми за обука ги следат светските трендови одговарајќи на зголемената побарувачка на професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија.

Мегасофт ПЛУС е верифицирана институција за образование на возрасни слушатели од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и авторизиран тест центар за подготовка и полагање испити - стекнување со меѓународно признатите ECDL/ICDL сертификати за знаeње од областа на компјутерската техника.

Мисија...

Нашите програми овозможуваат учесниците да добијат вештини и знаења, надоградување на нивното формално образование или преквалификација и почеток на нова кариера во најпопуларните професии во ИТ индустријата. Посебен предизвик за нас се слушателите кои ги надградуваат своите знаења (како тимови или индивидуалци) со што се попродуктивни при извршувањето на секојдневните работни задачи во компанијата.

Визија...

Центарот да обезбеди модерно образование за млади и возрасни слушатели и да ги подготви полесно да се вклучат на пазарот на трудот, да бидат барани и конкурентни со што ќе имаат подобро платени работни места и успешна кариера во ИТ или други индустрии кај нас или во светот.