ECDL (European Computer Driving Licence) / ICDL (ICDL (International Certification of Digital Literacy) сертификат

ECDL/ICDL – На почеток европски, сега веќе и светски стандард за познавања од основни и напредни компјутерски вештини. Опфатени се следните модули:

  • Општи познавања за работа со фајлови и фолдери, обработка на текст, интернет
  • Табеларни калкулации, бази на податоци
  • Графички и веб дизајн, дигитален маркетинг
  • ICT во образованието
  • Remote Work
  • Cyber Security

ECDL/ICDL сертификат - меѓународно призната потврда дека сопственикот на сертификатот е компетентен за активно користење на персонални компјутери и основни програмски апликации од пакетот Office и други нови дигитални вештини со цел побрзо и поефикасно извршување на работните задачи.

Сакате да го подобрите вашето CV и да ги докажете вашите дигитални вештини?

Без разлика дали сте студент, барател на работа или професионалец, ECDL/ICDL ви помага да добиете вештини и знаења што ви се потребни за запишување на меѓународни универзитети, вработување или напредување во кариерата - активно и успешно да се вклучите во денешниот дигитален свет.

Предности кои ги имате со ECDL сертификат:

  • Признат е во над 100 земји
  • Ги подобрува вашите можности за работа
  • Ги потврдува вашите практични ИТ вештини
  • Ја зголемува вашата самодоверба во користењето на дигитални алатки
  • Ви помага да се истакнете во денешниот свет управуван од технологијата