Мегасофт плус е формиран во 2003 г., како друштво за производство на апликативен софтвер и компјутерска едукација.
Во рамките на друштвото работат два оддели: оддел за проектирање, изработка и одржување на компјутерски информациони системи, како и оддел за едукација од областа на информатиката.
Во рамките на развојот на компјутерските информациони системи, Мегасофт плус има успешно реализирано бројни проекти за имплементација на системи од разни области. Се работи за интегрирани (Enterprise resource planning - ERP) системи, во кои, преку оптимизација на работните процеси и висок степен на нормализација на (SQL) базата на податоци, на корисниците им овозможуваат комфор, ефикасност и продуктивност во работата. Како резултат на тоа, избегнати се повеќекратните обработки на документите, а внесените податоци, во реално време се достапни таму каде што е потребно.
Едукативната дејност на друштвото се реализира преку Едукативниот центар што работи во рамките на Мегасофт плус. Во него се реализираат верифицирани обуки и курсеви за сите возрасти од областа на информатиката, сметководството, како и компјутерски потпомогнатото изучување на англискиот јазик. Едукативниот центар е авторизиран за спроведување на обуки и тестирање за меѓународно признатиот сертификат за познавања од компјутерската техника: ECDL (European Computer Driving License), пропишан од страна на Европската унија и се применува во нејзините земји членки, САД и останатите земји во светот. Покрај тоа, Центарот спроведува обуки според наставни програми верификувани од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на РСМ. Обуките опфаќаат теми од областа на информатиката, како што се:
За обезбедување на постојан и висок квалитет на своите услуги, Мегасофт плус ја спроведе ISO сертификацијата:
...Тимот кој ги решава сите ваши проблеми...