Англиски јазик

Англискиот јазик како еден од најмногу користените јазици во светот е исклучително важен за секојдневна, но и комуникација во деловното работење. Како мајчин јазик го користат над 400 милиони луѓе, а оваа бројка е сигурно двојно поголема кога се во прашање луѓе кои го користат јазикот како странски. Оттука фактот дека зборувањето англиски јазик било каде во светот овозможува успешна лична или деловна комуникација, а потребата за изучување на јазикот е неопходна.


Школата за изучување странски јазици со посебен акцент на англиски јазик е дел од нашиот едукативен центар. Во наставата се опфатени сите возрасни групи – основци, средношколци, студенти и возрасни слушатели, секоја од нив со соодветни програми.


Учењето на англискиот јазик се базира на различни креативни и иновативни методи кои постојано се усовршуваат со можностите што ги нуди дигиталната технологија и примена на едукативни софтвери за граматички вежби, слушање, пишување и комуникација. Наставата се реализира во опремени кабинети за изучување јазици или online според барањата на слушателите.

Што е CEFR (The Common European framework for languages)?

CEFR – заедничка европска референтна рамка за јазици, односно единствен стандард за нивото на познавање на јазикот при реализирање на наставата и издавање сертификати.


Затоа нашата школа при организирање на процесот на едукација максимално ги почитува правилата за настава што ги дефинира заедничката европска референтна марка за јазици - CEFR (The Common European framework for languages).


Понуда на курсеви

Ова значи дека заинтересираните слушатели можат да го изучуваат јазикот од основно ниво – А1, А2, средно – B1,B2 и високо ниво – C1,C2 и да се стекнат со:

  • Општи познавања на јазикот
  • Стручни знаења од различни области
  • Деловен англиски
  • Подготовка за полагање меѓународно признати испит (APTIS, FCE, FCE, TOEFEL, IELTS)

Сертификат

По завршување на соодветно ниво слушателите полагаат завршен испит и се стекнуваат со сертификат кој може да го евидентираат во своето CV како документ со кој можат да го продолжат образованието или да се вработат на работни места каде се бара одредено ниво на познавање на јазикот.