Професија што ќе ви обезбеди подобра иднина...

Практична работа...Обучувачи со повеќегодишно искуство... Мотивација и поттикнување за вклучување на пазарот на труд...

Дигитален маркетер

Главна цел на програмата е учесниците да стекнат компетенции од областа на дигитален маркетинг - да изработат веб сајт со модерен структуриран дизајн, самостојно да подготват дигитална маркетинг стратегија, online промоција и продажба на одреден производ или услуга.

Учесниците ќе добијат вештини и знаења од областа на маркетинг активности за креирање кампањи на социјалните мрежи Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn - дизајн и поставување платени реклами од текст, слика, постови и таргетирање на публика, креирање веб сајт и секако безбедност на интернет.

Програмата опфаќа содржини од областа на дигитален маркетинг - дигитална маркетинг стратегија, маркетинг на социјални мрежи, Copywriting, Canva, веб дизајн и Cyber security (безбедност на интернет).

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со Сертификат – Дигитален маркетер. Професионално знаење потврдено со сертификат од МОН и меѓународно признат ICDL/ECDL сертификат.