Професија што ќе ви обезбеди подобра иднина...

Практична работа...Сертифицирани обучувачи со повеќегодишно искуство... Професионално знаење потврдено со сертификат од МОН!

Службеник во сметководство

Главна цел на програмата е учесникот да научи да работи со пропишаните обрасци и потребните сметководствени документи, евиденција на сметководствените документи во софтвер за книговодство, изработка на финансиски извештаи. Да ја согледа важноста и чувањето на податоците.

Службеникот во современото сметководство треба да ги има сите теориски и практични знаења и вештини што ќе му овозможат да одговори на растечките потреби на компаниите, кои се одликуваат со голема шареноликост во своите барања, како од аспект на квалитетот на услугите кои го бараат, така и од аспект на нивната содржина.

Програмата ги опфаќа следните содржини со цел стекнување на потребните знаења и вештини: запознавање со правната рамка на трговските дејности, содржина и начин на работа со пропишаните обрасци и потребните сметководствени документи, евиденција на сметководствените документи во софтвер за книговодство, финансиски извештаи, заштита на податоци.

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со Сертификат - Службеник во сметководство.