Професија што ќе ви обезбеди подобра иднина...

Обука за поддршка на компјутерски системи и мрежи... Практична работа... Инвестирајте во Вашата иднина...

Сервисер за компјутери

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за проектирање, изведба и одржување на локални и дистрибуирани компјутерски мрежи во функција на негово понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за идентификација на потребните перформанси на персоналните компјутери и компјутерските мрежи во процесот на нивно проектирање, составување и инсталација на нови персонални компјутери и компјутерски мрежи, нивно одржување, вклучувајќи и дефектажата и отстранувањето на евентуални дефекти.

Опфатени се содржини од две области: Хардвер и компјутерски мрежи и Оперативни системи. Составни делови на персоналните компјутери и компјутерските мрежи, компјутерски периферии, лаптопи и мобилни уреди, администрација на оперативните системи...

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со Сертификат - Оператор за поддршка на компјутерски системи и мрежи. Професионално знаење потврдено со сертификат од МОН! Учесниците ќе бидат подготвени за полагање меѓународно признати испити од CompTIA.