Реализирани проекти

Нашето повеќедецениско работење на полето на неформалното образование резултира со илјадници обучени ученици и возрасни слушатели. Последниве години посебно задоволство е работата на ИПА проекти во соработка со АВРСМ – како провајдери за реализирање на верифицирани програми за образование на возрасни од областа на информатиката. Секако посебен предизвик за нас се веќе вработените слушатели кои своето долгогодишно искуство го надградуваат со вештини и знаења кои им овозможуваат професионален развој и напредување во кариерата.

Во изминатиот период, во Центарот е реализирана обука за повеќе десетици илјади слушатели од разни профили. Поголеми реализирани проекти во последните неколку години се:

ЕУ-ИПА Проект – обука за ИТ вештини за невработени лица од Пелагонискиот, Вардарскиот и Североисточниот регион
Проекти за невработени лица во соработка со АВРСМ од областа на англиски јазик, германски јазик и ИТ вештини во повеќе градови во Република Северна Македонија
2018 - Здружение на бизнис жени, Проект WeMAKE: Обука за кодирање (девојки и жени од Скопје, Куманово, Велес, Тетово, Штип, Струмица, Битола, Струга)
2018/2019 - МОН, Грантови за соработка меѓу училиштата и бизнис заедницата, Мерка 2: Испраќање ученици на практична обука во компанија
2019 - Проект во соработка со АВРМ: Обука - Оператор за веб дизајн во Битола и Штип
2019/2020 МОН, Грантови за соработка меѓу училиштата и бизнис заедницата, Мерка 2: Испраќање ученици на практична обука во компанија и Мерка 3: Подобрување на компјутерски вештини кај ученици и наставници
2020 - Проект во соработка со АВРСМ: Обука - Оператор за веб дизајн во Битола
Од септември 2021 до мај 2024 година: ИПА проект во соработка со МТСП и АВРСМ – Менторска поддршка на корисници на ГМП и активни баратели на пазарот на труд (1200 лица)
Од 2024 - Академии за англиски јазик за вработени во Kromberg&Shubert – Битола и Kromberg&Shubert – Скопје;
Од 2024 - MS Excel – Advanced за вработени во Kromberg&Shubert – Битола и Kromberg&Shubert – Скопје;
2022-2024 - Обука за невработени лица во соработка со АВРСМ според верифицирани програми од страна на ЦОВ и МОН на Република Северна Македонија:
  • Графички и веб дизајн - Битола и Штип
  • Обука за Сметководство - Битола
  • Обука за Дигитален Маркетинг - Битола
  • Обука за Дигитални вештини и дигитална писменост – Ресен, Крушево, Кратово, Македонска Каменица