Безбедност на компјутерски системи
Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за: идентификација на безбедносните ризици кај компјутерските системи, заштита на безжичните мрежи и Cloud системите, заштита на сервери, податоци и апликации, заштита од безбедносни закани и напади...
Содржини од областа на безбедноста на компјутерските системи - начините за управување со безбедносни ризици, надзор и дијагностика на компјутерски мрежи, инфраструктура на уредите, начини за идентификација и доделување на право на пристап, принципи на криптографија...
На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со Сертификат -Оператор за безбедност на компјутерски системи - професионално знаење потврдено со сертификат од МОН и ќе бидат подготвени за полагање меѓународно признати испити од CompTIA и/или ECDL/ICDL.