Мегасофт плус проектира и изведува интегрирани компјутерски системи според специфичните потреби на секој од своите клиенти. Се работи за системи базирани на апликативен софтвер, создаден со помош на современите информатички (WEB) технологии. Тие се основа за интеграцијата на работните процеси, зголемувањето на ефикасноста и продуктивноста, како и подигањето на нивото на дигитализација и мобилност кај нивните корисници. Посебна димензија им дава долгогодишното искуството на тимот на компанијата, кое на клиентите им овозможува нивните идеи да станат реалност...
Во областа на развојот на компјутерски информациони системи, Мегасофт плус има успешно реализирано бројни проекти за имплементација на системи за своите коминтенти од разни дејности: угостителство, технички преглед на моторни возила, трговија на големо и мало, сметководство, производство и разни услужни дејности. Посебно се значајни проектите од областа на комуналните услуги. Денес, 44 комунални претпријатија од З8 општини во РС Македонија, го користат програмскиот пакет Мегаплус комунал.
Апликативниот софтвер создаден во компанијата е основната компонента на информационите системи што таа ги имплементира. Во текот на своето дводецениско работење, тимот на компанијата ги развиваше своите програмерски вештини во сообразност со тековните трендови од оваа област, за во последните 6 години да изработи повеќе апликативни WEB решенија, од кои, најголемото е во форма на програмски пакет „Мегаплус комунал Cloud“, наменет за компаниите од областа на комуналната дејност. Се работи за решенија што овозможуваат висок степен на интеграција на процесите, процедурите и податоците, како и високо ниво на дигитализација и мобилност во работењето на компаниите.
Тајната на долгорочниот успех во имплементацијата и користењето на компјутерските системи е квалитетот на нивната поддршка. За таа цел, Мегасофт плус е сериозно посветен кон грижата за своите корисници преку висока достапност на услугите и навремено, ефикасно и квалитетно опслужување на барањата на корисниците. Сликата не би била комплетна доколку не се земат во предвид и процедурите за надзор и периодична техничка контрола на системите, анализа на состојбите, планирање на активисти, навремено информирање и едуцирање на корисниците, како и преземање на превентивни активности во насока на обезбедување на висок степен на сигурност и безбедност на системите, вклучувајќи ги и законски пропишаните нормативи.
22
Години
60
Клиенти
70
Проекти
13
Работни средби