Компанија основанa во август 2003 година како една од фирмите наследнички на „Мегасофт“ доо, кое во областа на компјутерската техника и едукација делуваше од 1990 до 2003 година..
Составена е од два сектори: сектор за проектирање, развој и одржување на компјутерски информациони системи и едукативен центар.
Главна стратешка определба на нашиот тим е проектирање, изведба и одржување на висококвалитетни информациони системи. Со дејноста на овој сектор опфатени се повеќе видови стопански субјекти и установи, почнувајќи од индивидуални трговци-поединци, па се до претпријатија и установи со повеќе од 300 вработени. Основната караткеристика на дејноста на овој сектор може да се опише како имплементација „Од идеја до стварност“. На софтверските продукти и едукативните програми посебен белег и квалитет им дава нашето долгогодишно искуство.
Наставата се базира на интерактивно користење на компјутерот како нагледно средство. Со ова се зголемува концентрацијата на слушателите, а со тоа и постигнатите резултати. Центарот работи според сопствена програма по методата CALL (Computer Assisted Language Learning) (од 1993 г.) - примената на компјутерите во наставата за основци и средношколци. Од 2016 година посебно внимание се посветува на образование на возрасни според посебни верифицирани програми од Центарот за образование за возрасни и Министерство за образование и наука.
...Тимот кој ги решава сите ваши проблеми...