Новите технологии нудат можности што се постојан предизвик за нас. Во широката палета од софтверски производи може да се најдат програмски пакети со висок степен на интеграција (ERP), без коe не може да се замисли ефикасната работа на компниите. Општа карактетристика на програмските пакети е дека покрај покривањето на одредените специфични работни процеси, тие овозможуваат автоматско поврзување со подсистемите за сметководство и менаџмент, обезбедувајќи со тоа солидна основа за с ледење, анализа и планирање на работните процеси кои се предмет на дејноста на компаниите.
Програмски пакет за мали и средни претпријатија. Ги покрива сите работни процеси во компанијата: набавка, складирање и продажба на материјали и стоки и сметководство.
Порграмски пакет за книговодствени компании. Ги покрива потребните функции за компјутерско водење на книговодството за повеќе разнородни правни субјекти.
Ја автоматизира припремата за регистрација на моторните возила и техничкиот преглед. Ги поврзува овие процеси со сметководството и менџментот.
Програмски пакет за хотели во кој се опфатени работењето на рецепцијата, рестораните, баровите, сметководството и менаџментот на хотелот.
Компании кои вршат откуп на разни суровини и материјали од своите кооперанти, нивна преработка и продажба.
Наменет е за компаии кои вршат прозиводство. Клучна е евиденцјата на работните налози при изработка на финален производ: работната рака, материјали/суровини...
Неформално образование за деца и возрасни. Денес, компјутерите се незаменлива алатка за секој човек во секојдневното работење. А оттаму и потребата од едукација на основци, средношколци, студенти и возрасни слушатели од областа на информатика и странски јазици.
Програмски пакет за канцелариско работење Micrоsoft Office 2016: Word, Excel, PowerPoint, Publisher, Access, Outlook. Подготовка по програма за полагање меѓународно признати ЕЦДЛ испити.
Софтвер за креирање и обработка на фотографии, цртежи, анимации, видеа... Промена на бои, осветлување, контрасти... Користење на разни видови четки, стилови, филтри и ефекти... Дизајнирање веб сајтови...
Софтвер за векторска графика: цртање лого, креирање илустрации... Едноставо модифицирање на текст и објекти и подготовка на документи за печатење. Секако и можност за обработка на фотографии...
HTML (HyperText Markup Language) - јазик на ознаки (тагови) со чија помош се креира структурата на веб сајтот... CSS (Cascading Style Sheets) го форматира изгледот на елементите на сајтот, затоа HTML i CSS се надополнуваат идеално...
Посебна верифицирана програма Оператор за веб дизајн. Стекнете знаења и вештини да го креирате вашиот прв веб сајт, обезбедете си сертификат кој ќе Ви овозможи вработување!
ECDL (European Computer Driving Licence) сертификат - меѓународно призната потврда дека сопственикот на сертификатот е компетентен за активно користење на персонални компјутери и основни програмски апликации од пакетот Office на работа.