Се работи за интегрирани системи, во кои јадрото го сочинуваат модулите за финансово и материјално книговодство, во комбинација со соодветни наменски програмски модули наменети за обработка на податоците од специфичните дејности. Притоа, размената на податоците меѓу програмските модули тече автоматски и во реално време, со што се добива висок степен на продуктивност и комфор во работата.
Најновите верзии од програмските пакети од портфолиото на друштвото се изработени со помош на актуелните технологии: C# (.NET Framework, Model–view–controller (MVC), Entity Framework (EF), OAut), HTML, CSS, JavaScript, Vue.JS, што наоѓаат примена во најсовремените системи ширум светот.