Изведба на компјутерски системи и мрежи
Знаење и вештини за идентификација на потребните перформанси на компјутерските мрежи во процесот на нивно проектирање и инсталација, нивно одржување, дефектажата и отстранувањето на дефектите. Имплементација на безбедносните стандарди и протоколи кај компјутерските мрежи, анализа на перформансите и нивна оптимизација, работа со виртуелни компјутерски мрежи.
Програмата опфаќа содржини од областа на локалните и дистрибуираните компјутерски мрежи: мрежните топологии, OSI спецификацијата, начините за поврзување, протоколи за мрежна комуникација, дистрибуирани мрежи, безжични мрежи, отстранување на дефекти...
Обука за изведба на компјутерски системи и мрежи. Практична работа...Сертифицирани обучувачи со повеќегодишно искуство... Учесниците ќе бидат подготвени за полагање меѓународно признат CompTIA сертификат. Вашето професионално знаење потврдено со сертификат од МОН!
На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. Во зависност од постигнатите резултати учесниците ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ или Потврда за посетување на обуката ако посетувале над 70% од планираните часови.