Сервисер за компјутери

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за идентификација на потребните перформанси на персоналните компјутери и компјутерските мрежи во процесот на нивно проектирање, составување и инсталација на нови персонални компјутери и компјутерски мрежи, нивно оддржување, вклучувајќи и дефектажата и отстранувањето на евентуални дефекти.

Програмата опфаќа содржини од две области: Хардвр и компјутерски мрежи и Оперативни системи. Составни делови на персоналните компјутери и компјутерските мрежи, компјутерски периферии, лаптопи и мобилни уреди, администрација на оперативните системи...

Обука за поддршка на компјутерски системи и мрежи. Практична работа...Сертифицирани обучувачи со повеќегодишно искуство... Учесниците ќе бидат подготвени за полагање меѓународно признат CompTIA сертификат. Професионално знаење потврдено со сертификат од МОН! .

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. Во зависност од постигнатите резултати учесниците ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА ПОДРШКА НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ или Потврда за посетување на обуката ако посетувале над 70% од планираните часови.