Што е ECDL?

ECDL (European Computer Driving Licence) е независен стандард со кој на ниво на ЕУ и целиот свет се дефинира единствена рамка на основни информатички знања и вештини за крајните корисници на компјутерите.

ECDL сертификатот потврдува дека сопственикот на сертификатот во потполност е компетентен за користење на персонални компјутери и основни програмски апликации во секојдневните задачи на работа и дома.

Надвор од Европа сертификатот е признат како ICDL - International Computer Driving Licence.




ECDL ФОНДАЦИЈА


Европската Унија уште во 1997 година ја увидува потребата од единствено и препознатливо информатичко образование на вработените во институциите и јавниот сектор во рамките на Унијата. За таа цел, од страна на CEPIS - Council of Europian Professional Informatics Societies(Советот на европските професионални информатички општества), основана е фондацијата ECDL - European Computer Driving Licence (Европска Компјутерска Возачка Дозвола). Во 2003 година таа добива значајна подршка од Европската Комисија и станува службен стандард во државните органи на Унијата и сите нејзини членки.