ECDL Сертификација

ECDL за кратко време се прифаќа и надвор од ЕУ, така што денес се користи во 148 земји во светот на 36 светски јазици. Во тој контекст, нашата земја напоредно со настојувањата да се приклучи кон ЕУ, го дефинира ECDL како своја "Стратегија за развој на информатичкото општество" и истиот го вклучи во законската регулатива како услов за вработените во државните служби.

Со издадени преку 15 милиони сертификати, ECDL станува еден од најраспространетите светски сертификати за работа со персонални компјутери.

Од 3.3.2014 година Мегасофт ПЛУС - Битола е акредитиран тест центар за полагање на ECDL тестови во Македонија.




ECDL СЕРТИФИКАТИ


ECDL стандардот пропишува три нивоа на познавања од областа на работата со персонални компјутери. За стекнување на сертификат за одредено ниво, потребно е да се положат тестови преку кои се утврдува познавањето од областите предвидени за секое од нив.

  • ECDL Start сертификатот се добива по положувањето на тестовите за модулите:
    - Основи на компјутерот (MS Windows 7/10),
    - Основи на интернет (MS Internet Explorer 9 и MS Outlook 2010/2013),
    - Обработка на текст (MS Word 2010/2013) и
    - Табеларни калкулации (MS Excel 2010/2013).
  • ECDL Profile сертификатот може да се стекне со положен ECDL Start сертификат и полагање на уште еден или повеќе ECDL стандард модули. На македонски јазик достапни се следните модули:
    - Презентација (MS PowerPoint 2010/2013)
    - Користење на база на податоци (MS Access 2010/2013)
    На англиски јазик за полагање се достапни и модулите:
    - ИТ Сигурност,
    - Online Соработка,
    - Обработка на слики и
    - Обработка на WEB.
  • ECDL напреден сертификат е наменет за корисници кои сакаат дополнително да го усовршат своето знаење.
    ЗАБЕЛЕШКА: Поранешниот ECDL CORE сертификат (кој се споменува во Законите за вработените во државните институции) според оваа поделба е соодветен на ECDL Profile сертификатот.