Сектори

Едукативен Центар

Едукативниот центар кој работи во склоп на „Мегасофт плус“ делува на полето на компјутерски потпомогната настава во следните области:

  • изучување на англиски јазик
  • изучување на германски јазик
  • информатика
  • математика

Наставата се базира на интерактивно користење на компјутерот како основно нагледно средство што е незаменлив извор на идеи и интересни содржини кои ја збогатуваат наставата и ја прават интересна. Со ова драстично се зголемува концентрацијата на слушателите а со тоа и постигнатите резултати во совладувањето на содржините. Центарот работи според програма која сам ја има развиено врз база на долгогодишното искуство (од 1993 г.) во примената на компјутерите во наставата. Се работи за специфична методологија која е прилагодена за сите видови слушатели како според возраста, така и според нивото на предзнаење.

Дејностите на двата сектори се испреплетуваат во процесот на имплементација на информациони системи во случај кога корисникот има потреба од едукација на вработените со цел тие поуспешно да ги совладаат соодветните вештини за користење на новиот систем

Сектор за развој на компјутерски информациони системи

Во рамките на Секторот за развој на комјутерски инфoрмациони системи се изведуваат следните дејности:

  • проектирање на комјутерски инфо-системи
  • развој на апликативни софтверски решенија
  • набавка, испорака, инсталација и одржување на компјутерска опрема
  • имплементација и одржување на инфо-системи
  • WEB дизајн

Главна стратегиска определба на нашиот тим е проектирање, изведба и одржување на висококвалитетни информациони системи. На софтверските продукти и едукативните програми посебен белег и квалитет им дава нашето долгогодишно искуство. Со дејноста на овој сектор опфатени се повеќе видови стопански субјекти и установи, почнувајќи од индивидуални трговци-поединци, па се до претпријатија и установи со повеќе од 300 вработени. Основната караткеристика на дејноста на овој сектор може да се опише како имплементација „Од идеја до стварност“.