Megaplus Office Pro


Програмски пакет за средни и големи претпријатија

Потребите на современиот бизнис налагаат активно следење на паричните и материјалните текови во претпријатието. Основен императив на компјутерските системи на денешните претпријатија е да обезбедат навремена, точна и употреблива информација. За комплетно да ги задоволи барањата на современото работење, секој компјутерски систем треба да ги има следните карактеристики:

  • Висок степен на безбедност на податоците
  • Едноставност и брзина во работењето
  • Прегледност на податоците и нивни графички приказ
  • Ниска цена за набавка и користење
  • Висок степен на интеграција на функциите преку автоматски книжења
  • Добивање на разни прегледи
  • Лесна имплементација на промени поради промена на законските прописи
  • Автоматска заштита на податоците
  • Далечинско сервисирање
  • Далечински безбеден пристап кон податоците

Намената на програмскиот пакет Megaplus Office Pro е да се обезбеди компјутерска подршка на работењето на претпријатијата од разни гранки, чија цел е: од една страна, самостојно да го водат своето книговодство, а од друга, да имаат систем за добивање оперативни податоци за следење, анализа и планирање на бизнисот.

Пакетот ги покрива следните функции:

  • Изработка и евиденција на влезни калкулации (на мало и големо, увоз, извоз) – приемен лист во трговијата
  • Водење финансово книговодство
  • Водење материјално книговодство
  • Изработка и евиденција на фактури
  • Малопродажба (фискални каси), трговска книга
  • Пресметка и исплата на плати
  • Пресметка на амортизација и ревалоризација на основните средства
  • Евиденција на ситен инвентар

Карактеристика на модулите што ги покриваат набројаните функции е тоа што податоците обработени во еден софтверски модул, автоматски се пренесуваат во следниот модул од каде (ако треба), се пренесуваат во следниот. Дефинирањето на начинот на пренос на податоците (начинот на контирање на разни документи) корисникот на прграмскиот пакет може сам да го прави според своите потреби. Со ова се обезбедува ефикасност во работата и елиминирање на повеќекратните книжења, како и елиминирање на потребата од сравнување на состојбите во финансовото и материјалното книговодство.

Ова го прави пакетот Megaplus Office Pro незаменлив алат за секое претпријатие што сака д а обезбеди ефикасно следење, анализа и планирање на својот бизнис.