Megaplus Hotelier


Програмскиот пакет за хотелско работење

Програмскиот пакет Megaplus Hotelier наменет е за интеграција на работните процеси на хотели и мотели во чиј склоп можат да работат повеќе ресторани, барови, продавници, киосци, клубови и сл. Интеграцијата е постигната на тој начин што податоците од еден во друг програмски модул се пренесуваат автоматски, по однапред дефинирана логика. Тоа се однесува како на книговодствените податоци (материјално, финансово), така и на податоците за рецептури/нормативи за изработка на јадењата и напитоците од менијата на рестораните.

Модулите што го сочинуваат програмскиот пакет Мегаплус Хотелиер се:

  • Изработка и евиденција на влезни калкулации (на мало и големо) – приемен лист
  • Работа на рецепција со телефонска централа – прием и одјавување на гости
  • Работа на ресторани и барови
  • Менувачница
  • Директорски инфо-систем (разни прегледи за менаџментот)
  • Водење на финансово книговодство
  • Водење на материјално книговодство со нормативи и рецептури
  • Изработка и евиденција на фактури
  • Пресметка и исплата на плати
  • Пресметка на амортизација и ревалоризација на основните средства
  • Евиденција на ситен инвентар

Функционалностите што ги обезбедува програмскиот пакет Megaplus Hotelier овозможува висок степен на интеграција, т.е. преку намалување на физичкиот обем на работа се намалува и потребниот број оператори во системот. Не помалку важна придобивка е автоматското пренесување на податоците од еден во друг работен процес со што сите потребни податоци секогаш се навреме на местото каде што се потребни. Наовој начин, податоците создаени во рестораните и баровите можат да се видат на рецепција, па така, во процесот на одјавување на гостите, рецепционерот ги има сите потребни податоци за да изработи точна сметка/фактура (податоци од шанк, рсторан, мини бар, телефонска централа, хемиско чистење и др.)