Megaplus Communal


Програмскиот пакет за комунални претпријатија

Програмскиот пакет Megaplus Communal создаден е со финансирање од страна на „GTZ“. Се работи за проект што се одвиваше во периодот од 2004 до 2008 г. во кој учествуваа 10 комунални претпријатија од Република Македонија. Целта на проектот беше да се унапреди економската ефикасност на јавните комунални претпријатија за да се подобрат нивните услуги. Успехот постигнат во проектот предизвика голем интерес во јавните комунални претпријатија во Републиката, па така, денес овој софтвер го користат над 20 јавни прептријатија.

Комуналната свера е една од значајните делови на локалната самоуправа. Потребите од компјутерска поддршка во работењето на комуналните претпријатија секојдневно растат и се диктирани од растечките потреби на корисниците на услуги, како по обем така и по квалитет. Со цел да се постигнат овие цели, комуналните претпријатија мора да воведат нов начин на работење што ќе им овозможи да ги смалат трошоците на работењето, да го зголемат процентот на наплата на побарувањата и да обезбедат оперативни релевантни податоци за потребите на следењето, анализата и планирањето на работата на претпријатието. Со имплементацијата на програмскиот пакет Megaplus Communal, комуналните претпријатија добија стабилен, брз и комфорен инфо-систем кој во голема мера изврши поместување во начинот на работењето кон повисоко ниво на квалитет и ефикасност.

Megaplus Communal е составен од следните софтверски модули:

  • Влезни калкулации – набавка на резервни делови и материјали
  • Магацинско/материјално книговодство
  • Евиденција на корисници и изработка на сметки
  • Наплата на сметки и благајна
  • Финансово книговодство
  • Правна служба – наплата на заостанати сметки/фактури
  • Исплата на плати со кадровска евиденција
  • Основни средства
  • Ситен инвентар
  • Архивско работење
  • Планирање, изработка, евалуација, евиденција и следење на постапки за јавни набавки

Пакетот обезбедува евиденција на приходи/расходи по профитни центри – работни единици, следење на готовинскиот тек, буџетирање, водење на книговодство според меѓународните сметководствени стандарди.