Megaplus Account


Програмскиот пакет за сметководители

Растечкиот тренд на отворање на нови правни субјекти кои активно делуваат на пазарот наметнува потреба од ефикасна и брза услуга во областа на сметководството. Апликативните решенија за ваквите фирми треба да обезбедат:

  • едноставна и брза обработка на документацијата од корисниците
  • висок степен на интеграција на функциите преку автоматски книжења
  • лесно и брзо откривање и отстранување грешки
  • добивање разни прегледи, податоци и пополнување обрасци
  • прилагодливост кон разни видови корисници
  • лесна имплементација на промени поради промена на законските прописи
  • автоматска заштита на податоците
  • поврзување со системите на корисниците и превземање на прокнижани документи
  • далечинско сервисирање

Програмскиот пакет Megaplus Account наменет е за сметководствени фирми. Тој ги покрива потребните функции за компјутерско водење на книговодството за повеќе разнородни правни субјекти на едно место.

Програмски модули од кои е составен пакетот Megaplus Account се:

  • модул за влезни калкулации (на мало и големо) – приемен лист во трговијата
  • модул за финансово книговодство
  • модул за материјално книговодство
  • модул за пресметка на плати
  • модул за пресметка на амортизација и ревалоризација на основните средства (опционо)