Изучувањето на англискиот и германскиот јазик во Центарот се врши со помош на компјутер по метадата CALL (Computer Assisted Languages Learning). Таа е базирана на активно користење на компјутерот како нагледно средство во наставата, со што се избегнуваат пасивните делови од часот кои се јавуваат во класичната настава. На овој начин, секој слушател постигнува максимум според сопствените способности. Во Мегасофт плус за изучување на англискиот и германскиот јазик се планирани шест степени за општиот курс, а за понапредните слушатели специјализирани курсеви за:

  • деловен англиски/германски јазик
  • англиски/германски јазик за бизнисмени
  • англиски/германски јазик за лекари
  • англиски/германски јазик за угостителски работници

За возрасните слушатели на располагање е интересна палета од основни и напредни курсеви од областа на информатиката: Windows 7/10, програмите од пакетот Office 2010/2013: Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Access, програмите за цртање CorelDraw и обработка на слики Photoshop, web дизајн во Macromedia Dreamweaver, изработка на анимации Macromedia Flash, програмирање во Visual Basic и секако комуницирање преку Интернет.

Компјутерите денес станаа незаменлива алатка за секој човек во секојдневното работење. А оттаму и потребата од едукација на основци, средношколци, студенти и возрасни слушатели од областа на информатиката и англискиот јазик. Посебно задоволство претставува работата со возрасните слушатели. Постигнатите одлични резултати им овозможуваат понатамошно професионално усовршување и активно користење на компјутерот во секојдневниот живот. И ако досега интересот беше најголем за основните курсеви, веќе можеме да се пофалиме со структура на слушатели кои бараат повеќе од компјутерот. Имаме солидна бројка на слушатели кои ги имаат посетувано поголем дел од програмите на Office. А посебно кај младите слушатели – студенти или оние кои го завршиле своето образование интересот е голем за специјализираниот пакет курсеви АКАДЕМИЈА, каде слушателите учат повеќе теми од компјутери, го усовршуваат своето знаење од англиски и германски јазик.

Последниве две три години темите за web дизајн и програмирање на слушателите им нудат еден нов патоказ за избор на професија, која е актуелна и интересна и кај нас и било каде во светот. Затоа досега велевме добредојдовте и ѕирнете во светот на компјутерите, а сега ќе речеме добредојдовте, ѕирнете во светот на компјутерите и станете професионалци. Нашите идеи станаа реалност, а успехот е заеднички: Ваш и наш!

Едукативниот Центар на Мегасофт плус, применувајќи го своето долгогодишно искуство (од 1993 г.) на своите слушатели им овозможува квалитетна едукација. За основците, средношколците, студентите и возрасните слушатели се организираат основни и напредни курсеви од областа на компјутерите, англискиот и германскиот јазик според програма што е прилагодена нивните потреби.

Едукацијата од областа на новите информатички техлологии се темели на принципи што обезбедуваат одличен успех кај слушателите. Основа на едукативниот процес е компјутерот, кој истовремено има улога на универзално нагледно средство (при изучување на англискиот и германскиот јазик) , но е и предмет на изучување на часот по информатика.

Бескрајните хоризонти што тој ги отвора се еден интересен, на почеток малку збунувачки свет. Тоа е свет на безгранични можности за развој на креативноста и продуктивноста. Нема време за застанување и паузи. Компјутерот не води напред во светот на знаењата и вештините без да се почувсвува кога поминал часот, полугодието, учебната година, повеќе учебни години...Кога тој ќе се стави во функција на едукативниот процес, потпомогнат со наставни програми создадени од искусни професори – успехот е тука!

Како дел од наставните содржини свое место си има и наставата по англиски и германски јазик. Станува збор за современ начин на совладување на јазикот со презентирање на различни теми, како и разновидни граматички содржини со посредство на компјутерот. Тој во наставата овозможува мултимедијална поддршка и развивање на четирите основни способности: слушање, зборување, читање и пишување. Во наставниот процес за сите возрасти се користат учебници и соодветен едукативен софтвер од познатата издавачка куќа Cambridge - Англија, со што се обезбедуваат одлични услови за стекнување основни знаења и комплетирање на стекнатите знаења на слушателите.

Сите овие години покрај наставата, во Едукативниот Центар во рамките на Мегасофт плус, со најмладите слушатели се организираат и дополнителни активности: мултимедијални презентации, изложби, натпревари, излети, новогодишни забави, снимање радио и телевизиски емисии. Заедно со нашите ученици подготвуваме наш електронски весник - Megasoft News – во кој можат да се прочитаат најразлични содржини од информатиката: Легенди во светот на компјутерите, Компјутерите некогаш и денес, Дискови и процесори, Microsoft Office 2007 Beta 2…. Секако овде се и содржините на англиски јазик: Свадбени традиции во различни земји од светот, Sea Animals, The mysery of rainbows…