Кому му е потребен сертификатот?

Компјутерите се наше секојдневие. Знаењата и вештините од оваа област се исклучително важни. Примената на современи информатички и комуникациски технологии (ИКТ) од секој поединец бара:

  • Познавање на основните компјутерски апликации
  • Способност за пребарување на информации на интернет и користење на електронски медиуми
  • Напредно знаење и вештини во областа ИКТ
  • Постојано усовршување и професионален развој

ECDL сертификатот им е потребен на сите корисници на персонални компјутери кои сакаат поефикасно да ги извршуваат обврските на работа, бараат ново вработување или сакаат напредок во кариерата во државниот и јавниот сектор. Како таков, наменет е за: студенти, раководители, администрација, државни службеници и сл.

Во најновата законска регулатива за државните службеници, покрај другите компентенции, од вработените се бара и ECDL сертификат за работа со персонални компјутери.