Мегасофт ПЛУС - Битола

...кога идеите ќе станат реалност... Одлични софтверски решенија за Вашите компании!

Megaplus Communal

Програмски пакет базиран на клиент/сервер технологија наменета за Windows околина со користење на MS SQL Sever на база на податоци. Се работи за високо интегриран ЕРП систем што повеќекратно ја зголемува ефикасноста на работата на стручните служби...
Мобилен попис на основни средства, Доставување сметки/фактури преку e-mail, Електронски прием и автоматско раскнижување на податоците за извршени уплати за сметки по банки, Менаџмент ...

Мегаплус комунал

За овие 16 години програмскиот пакет „Мегаплус комунал“ стекна многу задоволни корисници - 37 комунални претпријатија

Проширување ...

Следење на јавни набавки, Изработка и евиденција на работни налози, Дигитална архива, кадрова евиденција ...

Мобилна технологија

Читање на состојби на броила, Евиденција на тезги на пазари, Следење на реализацијата на работни налози, Ажурирање на базата на податоци...

Web технологија

Плаќање на сметки преку web-страната на претпријатието, web мапа со приказ на тековни и планирани интервенции на мрежата...

Реализирани проекти

Нашето дведецениско работење на полето на неформалното образование резултира со илјадници обучени ученици и возрасни слушатели. Последниве години посебно задоволство е работата на ИПА проекти: Обуката на невработени лица во соработка со АВРМ....

2016/2017 година

ЕУ ИПА проект преку АВРМ: Обука за MS Office за 400 невработени лица од пелагониски, вардарски и североисточен плански регион

2017 година

Здрежение на бизнис жени - “Проект: Програма за само(вработување) на самохрани мајки - Graphic design, social media“

2018 година

ЕУ ИПА проект преку АВРМ: Обуки за основни вештини - дигитална писменост - Битола, Прилеп, Крива Паланка

2018 година

ЕУ ИПА проект преку АВРМ: Обуки за странски јазици (германски јазик) - Прилеп, Демир Хисар

Мегасофт ПЛУС Битола

...Ѕирнете во нашиот свет и станете професионалци...

ИТ решенија

Новите технологии нудат можности што се постојан предизвик за нас. Во широката палета од софтверски производи може да се најдат програмски пакети со висок степен на интеграција (ERP), без коe не може да се замисли ефикасната работа на компниите. Општа карактетристика на програмските пакети е дека покрај покривањето на одредените специфични работни процеси, тие овозможуваат автоматско поврзување со подсистемите за сметководство и менаџмент, обезбедувајќи со тоа солидна основа за следење, анализа и планирање на работните процеси кои се предмет на дејноста на компаниите.

Megaplus Office

Програмски пакет за мали и средни претпријатија. Ги покрива сите работни процеси во компанијата: набавка, складирање и продажба на материјали и стоки и сметководство.

Megaplus Аccount

Порграмски пакет за книговодствени компании. Ги покрива потребните функции за компјутерско водење на книговодството за повеќе разнородни правни субјекти.

Megaplus Regis

Ја автоматизира припремата за регистрација на моторните возила и техничкиот преглед. Ги поврзува овие процеси со сметководството и менџментот.

Megaplus Hotelier

Програмски пакет за хотели во кој се опфатени работењето на рецепцијата, рестораните, баровите, сметководството и менаџментот на хотелот.

Megaplus Cooperant

Компании кои вршат откуп на разни суровини и материјали од своите кооперанти, нивна преработка и продажба.

Megaplus Manufac

Наменет е за компаии кои вршат прозиводство. Клучна е евиденцјата на работните налози при изработка на финален производ: работната рака, материјали/суровини...

Компјутерска едукација

Неформално образование за деца и возрасни. Денес, компјутерите се незаменлива алатка за секој човек во секојдневното работење. А оттаму и потребата од едукација на основци, средношколци, студенти и возрасни слушатели од областа на информатика и странски јазици.

MS Office 2016

Програмски пакет за канцелариско работење Micrоsoft Office 2016: Word, Excel, PowerPoint, Publisher, Access, Outlook. Подготовка по програма за полагање меѓународно признати ЕЦДЛ испити.

Adobe Photoshop

Софтвер за креирање и обработка на фотографии, цртежи, анимации, видеа... Промена на бои, осветлување, контрасти... Користење на разни видови четки, стилови, филтри и ефекти... Дизајнирање веб сајтови...

Adobe Illustrator

Софтвер за векторска графика: цртање лого, креирање илустрации... Едноставо модифицирање на текст и објекти и подготовка на документи за печатење. Секако и можност за обработка на фотографии...

HTML5&CSS3

HTML (HyperText Markup Language) - јазик на ознаки (тагови) со чија помош се креира структурата на веб сајтот... CSS (Cascading Style Sheets) го форматира изгледот на елементите на сајтот, затоа HTML i CSS се надополнуваат идеално...

Оператор за веб дизајн

Посебна верифицирана програма Оператор за веб дизајн. Стекнете знаења и вештини да го креирате вашиот прв веб сајт, обезбедете си сертификат кој ќе Ви овозможи вработување!

ECDL сертификати

ECDL (European Computer Driving Licence) сертификат - меѓународно призната потврда дека сопственикот на сертификатот е компетентен за активно користење на персонални компјутери и основни програмски апликации од пакетот Office на работа.

Ѕирнете во нашиот свет...

Во училница или надвор од неа - учиме, се дружиме, растеме заедно...

На час по

Англиски јазик

На час по

Германски јазик

На час по

Англиски јазик

На час по

Информатика

Ние сакаме...

Комјутери

Ние сакаме...

Англиски јазик

Ние сакаме...

Германски јазик

На час по

Информатика

За НАС

Компанија основанa во август 2003 година како една од фирмите наследнички на „Мегасофт“ доо, кое во областа на компјутерската техника и едукација делуваше од 1990 до 2003 година. Составена е од два сектори: сектор за проектирање, развој и одржување на компјутерски информациони системи и едукативен центар.

Развој на компјутерски ИС

Главна стратешка определба на нашиот тим е проектирање, изведба и одржување на висококвалитетни информациони системи. Со дејноста на овој сектор опфатени се повеќе видови стопански субјекти и установи, почнувајќи од индивидуални трговци-поединци, па се до претпријатија и установи со повеќе од 300 вработени. Основната караткеристика на дејноста на овој сектор може да се опише како имплементација „Од идеја до стварност“. На софтверските продукти и едукативните програми посебен белег и квалитет им дава нашето долгогодишно искуство.

  • Проектирање на комјутерски инфо-системи
  • Развој на апликативен софтвер
  • Имплементација и одржување на инфо-системи
  • WEB дизајн

Едукативен центар

Наставата се базира на интерактивно користење на компјутерот како нагледно средство што е незаменлив извор на идеи и интересни содржини кои ја збогатуваат наставата и ја прават интересна. Со ова се зголемува концентрацијата на слушателите, а со тоа и постигнатите резултати. Центарот работи според сопствена програма по методата CALL (Computer Assisted Language Learning) (од 1993 г.) - примената на компјутерите во наставата за основци и средношколци. Од 2016 година посебно внимание се посветува на образование на возрасни според посебни верифицирани програми од Центарот за образование за возрасни и Министерство за образование и наука.

  • Информатика
  • ЕЦДЛ тест центар
  • Оператор за веб дизајн
  • Англиски јазик
  • Германски јазик

Курсеви и обуки

И ако до пред неколку години интересот беше најголем за основните курсеви, веќе можеме да се пофалиме со структура на слушатели кои бараат повеќе од компјутерот, слушатели кои бараат повисок степен и понапредно користење на софтверите од пакетот Office, графички и веб дизајн или програмирање...

MS Office 16

Excel II ниво

Стекнете напредни знаења и вештини за работа со Excel, кои ќе ви обезбедат вработување или подобро работно место и напредување во кариерата! Активно користење на напредните функции со цел поефикасно и попродуктивно работење, ако сте економист, банкар, инспектор, наставник, инженер...

Photoshop&Illustrator

Графички дизајн

Софтвер за креирање и обработка на фотографии, цртежи, анимации, видеа... Користење на разни видови четки, стилови, филтри и ефекти... Софтвер за векторска графика: цртање лого, креирање илустрации... Едноставо модифицирање на текст и објекти и подготовка на документи за печатење...

HTML5&CSS3

Веб дизајн

Посебна верифицирана програма Оператор за веб дизајн. Стекнете знаења и вештини да го креирате вашиот прв веб сајт, обезбедете си сертификат кој ќе Ви овозможи вработување! HTML-јазик на ознаки: креирње структурата на веб сајтот... CSS го форматира изгледот на сајтот, затоа HTML и CSS идеално се надополнуваат...

C++ & C# & Java

Програмирање

C# е програмски јазик кој има слична синтакса како С јазиците (С, С++, Java). C# е “најмлад“ од нив и претставува понапредна, поедноставна верзија за програмирање. C# е еден од јазиците на повисоко ниво, кои овозможуваат поконфорно и попродуктивно креирање на софтверски производи...

Информација

За се' што сакате да се информирате
пишете ни, јавете се... Ќе добиете одговор на секое Ваше прашање...